Никој како Левандовски – најбрзи четири гола во историјата на ЛШ

Роберт Левандовски одигра неверојатен натпревар на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, постигнувајќи четири гола во фуриозното второ полувреме на Баерн Минхен во кое баварскиот гигант пет пати го натера домашниот голман на капитулација.

Полскиот голгетер серијата погодоци ја почна со пенал во 53. минута, а потоа погоди и во 60. минута, 64. минута и во 68. минута од натпреварот. Педантно пресметано, тој четирите погодоци ги постигна во рок од 14 минути и 31 секунда, што е убедливо најбрзо остварување во историјата на елитното европско натпреварување.

Тој можеше да постигне и петти погодок, но тренерот Флик реши да го повлече од игра во 77. минута, уфрлајќи го Томас Милер на негово место.

Се вчитува...