Човекот кој во улична тепачка минатата недела во 4.30 часот по полноќ беше удрен со шише во глава од Карлик Џонс, во изјава за српските медиуми ја претстави својата страна од приказната.
„Гледате, на тој 5 мај бев во клубот со моите пријатели до раните утрински часови. За да биде уште полошо, не ни планирав да излезам, но на инсистирање на моите пријатели отидов на пијачка. Бевме опуштени, во нормална атмосфера, во клуб каде што обично доаѓаме често и никогаш немавме ниту еден проблем таму. Исто така, ниту јас, ниту некој од моето друштво што беше во клубот не навредивме некоја од девојките што беа во клубот, тоа е чиста измислица. Тоа беше измислено за да се минимизира одговорноста на тројцата играчи кои не нападнаа“, изјави човекот со инцијали Ј.К.
Тој негираше дека имало некакви провокации или на навивачка или на расна основа.
„Не, никако. Па момци, јас сум навивач на Партизан. 20 години одам на натпревари и фудбал и кошарка. Ниту сум направил ништо за да ме напаѓаат така, ниту сум го испровоцирал со моето однесување. Ме нападнаа крајно сурово, и од чиста ароганција. Вечно ќе имам последици“, заврши Ј.К.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА