Никој не го сака Симонс во Филаделфија (ВИДЕО)

Новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување е на прагот, а сеуште не е завршена една од најголемите саги кои го одбележаа ова лето – заминувањето на Бен Симонс од Филаделфија.

Австралијанецот кој пред само две сезони потпиша „супермакс“ договор од 177 милиони долари повеќе не сака да биде дел од тимот и на секој начин се обидува да изнуди заминување. И Филаделфија е подготвена за тоа, но проблемот е во тоа што ниеден друг тим не е сериозно заинтересиран за неговите услуги покрај пребогатиот договор.

Кошаркарот кој во претходните сезони често се наоѓаше во фокусот на јавноста поради очајниот шут за три поени сега беше затекнат од камерите на последните тренинзи на тимот како „талка“ зад тимот кој и не му обрнува внимание.

Се вчитува...