Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев втор едноподруго натпревар е херојот на Арау за триумф во Втората швајцарска лига.
По голот и асистенцијата во претходното коло, сега Ѓорѓев стрелаше и против Белинцона погодувајќи во 82. минута за триумф од 2-1 и повеќе од важни три бода за Арау, во битката за влез во најсилната фудбалска конкуренција во Швајцарија.
Ѓорѓев сезонава досега има пет гола и пет асистенции по 20 одиграни натпревари во Втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА