Никола Ѓоргиев потпиша со словенечка Љубљана

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев следнат сезоан ќе го носи дресот на словенечка Љубљана.

“Многу сум среќен што дојдов во ваков организиран клуб. Го следам тимот уште како дете и мојата цел секогаш беше да играм тука еден ден. Имам убави спомени од Љубљана бидејќи тука го добивме натпреварот на Европското првенство во 2019 година со македонската репрезентација против домашниот тим. Тимот што се гради за следната сезона е многу силен и е во состојба да го води клубот до сите домашни и во европските натпреварувања“, изјави Ѓоргиев.

Тој кариерата ја почна во домашната ЏИО Струмица, а беше дел и од клубовите, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.

Се вчитува...