Евробаскетот 2022 започнува за само еден ден, а на натпреварите во Келн, Прага, Милано и Тбилиси ќе видиме и голем број на дебитанти. Некои млади, некои искусни, сите ќе се обидат да им помогнат на своите држави да стигнат до голем успех, но и да се прикажат во фантастично светло за примамување на интересот од страна на кошаркарсктие великани.
Најзвучното име меѓу дебитантите изненадувачки е Никола Јокиќ. Српскиот центар кој ја предводеше листата на најдобрите десет играчи кои ќе настапат на Евробаскетот ја предводи и листата на најдобрите десет дебитанти.
По него следат уште неколку НБА кошаркари, меѓу кои и Франц Вагнер. Германецот од редовите на Орландо Меџик се очекува да виде вистински лидер на германската репрезетација која се соочува со голем број на откажувања поради повреди.
Слични предвидувања како за Германецот има и за Турчинот Алперен Шенгур. Кошаркарот на Хјустон Рокетс се прикажа во одлично светло во НБА лигата, а исто како и на натпреварите од квалификациите за Светското првенство треба да биде и еден од лидерите на Турција на Евробаскетот.
Во оваа листа на „НБА-лигаши“ се и: Израелецот Дени Авдија кој искуството од дресот на Вашингтон треба да го пренесе и во „сино-белиот“ дрес, како и босанскиот центар Јусуф Нуркиќ од кој се очекува многу во „групата на смртта“.
Од оваа листа не изостануваат ниту евролигашките ѕвезди. Тука се кошаркарите кои претходната сезона ја поминаа во дресот на Олимпијакос, Тајлер Дорси и Александар Везенков. Гркот и Бугаринот беа едни од клучните играчи за големиот успех на грчкиот тим кој беше и на прагот на финале во Евролигата, а сега повторно ќе имаат голема улога во дресовите на нашите соседи.
Дебито на Лоренцо Барун за шпанската репрезетнација на големиот собир е еден од најочекуваните моменти во кошаркарскиот свет. Шпанците се соочија со голем проблем на плејмејкерската позиција и пред повредите на стандардните кошаркари, а дали натурализираниот Американец ќе може да и помогне на „црвената фурија“ до уште еден медал останува да видиме.
Италијанската ѕвезда го подем Симоне Фонтекио по успешните сезони во Европа доби повик во НБА лигашот Јута Џез, а собирот на најдобрите репрезентации на „стариот континент“ ќе биде добар вовед за сезоната која следи за 26-годишникот.
Деби на Евробаскетот ќе има и Игнас Браздеикис. Кошаркарот роден во Канада со литванско потекло по неколкуте сезони поминати во НБА лигата за новата сезона потпиша за Жалгирис па и за него ова ќе биде добар вовед, но на европската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА