Никола Карабатиќ ќе ја предводи Франција на ЛОИ во Токио

Селекторот на ракометната репрезентација на Франција, Жијом Жил го одреди тимот за Летните олимписки игри во Токио. Никола Карабатиќ ќе биде предводник на репрезентацијата на Франција во битката за една од медалите на игрите.

Нема поголеми изненадувања во составот на Франција, бидејќи во него се најдоа и Дика Мем, Тимоти Нгесан, Недим Ремили, Мелвин Ричардсон, Лук Абало. Ракометниот турнир на ЛОИ во Токио почнува на 24. јули, а Франција се наоѓа во групата А заедно со Норвешка, Германија, Бразил, Шпанија и Аргентина.

 

Се вчитува...