Мега-трансфер: Збогум Барса, Никола Миротиќ се сели во Италија

Никола Миротиќ на крајот на сезоната заминува од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Олимпија Милано, пренесува познатиот кошаркарски новинар Емилијано Карија.

Шпанскиот кошаркар со балканско потекло по враќањето од НБА настапи четири сезони во дресот на каталонците, но како убедливо најплатен кошаркар во тимот беше приморен да замине по намалуваањето на буџетот кој дојде по новиот неуспех во Евролигата.

За договорот помеѓу италијанскиот тим и шпанскиот кошаркар кој претходната сезона ја освои евролигашката МВП награда и беше дел од првата постава на првенството нема детали, но очекувата се нов богат договор за крилниот центар.

Се вчитува...