Никола Митревски со деби за Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски го одигра својот прв натпревар во дресот на Порто, откако летово пристигна во редовите на португалскиот првак од екипата на Работник.

„Сино-белите“ вечерва во првиот контролен натпревар ремизираа 31-31 против Адемар, дуел на кој тренерот Андерсен им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети. Тројцата голмани се ротирале во текот на средбата, па Митревски минал 20 минути на теренот.

За очекување е Македонецот да биде втора опција на голот на Порто сезонава, зад португалскиот репрезентативец Квинтана кој е прв голман на Порто со години наназад.

Се вчитува...