Никола Митревски со втора најдобра одбрана во квалификациите за ЕП 2018 (ВИДЕО)

Голманот на македонската репрезентација, Никола Митревски е на второто место во Топ 5 одбраните од последното коло во квалификациите за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. На последниот дуел против Чешка во Скопје, Македонија славеше со 33-20, а една од најдобрите одбрани во изборот на ЕХФ ја имаше токму макеоднскиот голман. Митревски беше на македонскиот гол во последната четвртина од натпреварот, а во Топ 5 влезе со атрактивната одбрана на контрата на Петр Шлахта.

Најатрактивната одбрана во последното квалификациско коло ја има голманот на Летонија, Раитис Пурнис.

Топ 5 одбрани во квалификациите за ЕП 2018:

    1. Раитис Пурнис (Летонија)
    2. Никола Митревски (Македонија)
    3. Силвио Хајневетер (Германија)
    4. Иван Матскиевич (Белорусија
    5. Кристијан Филиповиќ (Австрија)

Се вчитува...