Никола Вучевиќ желба на Голден Стејт Вориорс

Голден Стејт Вориорс ќе се обиде да го убеди раководството на Орландо Меџик да направат трејд во кој репрезентативецот на Црна Гора, Никола Вучевиќ би се преселил во Сан Франциско. Вориорс се одлучни во намерата повторно да го нападната тронот во НБА, а покрај враќањето на Кари и Томпсон во тимот тие сакаат да се засилат и на центарските позиции.

Клубот од Сан Франциско е подготвен на Флорида да ги испрати Ендрју Вигинс, Кевин Луни и Џордан Пол, како и вториот пик на годинешниот драфт и пик од првата рунда следната година. Покрај Вучевиќ во Вориорс би стигнал и Теренс Рос, како и 15. пик од годинашниот драфт.

Никола Вучевиќ прерасна во еден од најдобрите центри во НБА лигата. Беше дел од Ол-стар викендот, а две години по ред успеа тимот од Флорида да го одведе во разигрувањето.

Се вчитува...