Николиќ: Многу болен пораз за нас

Борац и дефинитивно ги згасна последните надежи за опстанок на МЗТ во АБА. Вечерва во Чачак, Борац убедливо ги порази аеродромци со 105-84, во најважниот натпревар сезонава во јадранското натпреварување.

Тренерот на МЗТ, Драган Николиќ му ја честиташе на противникот победата, и по мечот кажа дека неговиот тим немал енергија во клучните мигови од натпреварот, и дека овој пораз е многу болен за екипата.

„Честитки на Борац на победата. Кога дојдов во МЗТ ситуацијата беше таква што клубот се обидуваше да се спаси од испаѓање од АБА лигата. МЗТ има големи амбиции и игра на три фронта“, рече Николиќ и додаде:

„Стравував од тоа дека ќе паднеме кога е најпотребно, се случи тоа сега. Тоа беше во 15. минута кога немавме енергија да му пружиме отпор на разиграниот Борац. Причината е во тоа што ние играме на повеќе фронтови, додека други клубови играат само на еден. Не верувам дека причината за поразот е само во заморот, немаме оправдување ваков лош натпревар со слаба енергија. МЗТ игра добра и современа кошарка, некои за жал не ги доби, пред се мислам на дуелите со Будуќност и Игокеа. После ова се доведовме во ситуација да зависиме од натпреварот со директниот ривал и тоа на негов терен. Серија на несреќни околности, се поклопија како што не треба против МЗТ Скопје, ова е многу болен пораз за нас.“, изјави Драган Николиќ на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...