Николиќ: Натпреварот беше феноменален, сепак жалиме за изгубените бодови

Кормиларот на Карпош Соколи, Драган Николиќ задоволен од атмосферата и тежината на дербито, но не и од крајниот резултат, кој можеше да биде во корист на домаќинот.

„Феноменален натпревар, се играше сериозна, натпросечна кошарка за македонски стандарди. Имавме одлучувачки напад за победа во регуларниот дел кој не го искористивме, потоа две меч топки на продолжението, но за жал не секогаш работите одат според планот. Жалиме за бодовите, но со крената глава ќе се подготвуваме за следните две гостувања против Работнички и Кожув. Ќе биде тешко психички  да се вратиме по овој пораз, но, ќе биде добар тест за играчите.“ – изјави Николиќ.

  

Се вчитува...