Николиќ: Навивачите не се наш шести играч, туку се најдобар играч на МЗТ Скопје

Драган Николиќ може да здивне откако неговите кошаркари по голема битка успеаја да го совладаат Задар и да останат во живот во борбата за опстанок во АБА1.

МЗТ Скопје тргна фуриозно, поведе со 23 поени разлика, но големиот пад на концентрацијата придонесе да се влезе во неизвесен финиш, за среќа со хепиенд за македонскиот шампион.

„Она што е најважно е дека победивме на свој терен и од недела во недела продолжува тој ролеркоустер, од тоа да сме отпишани, па враќање на отпишаните, па се ставаме под најголем можен притисок, сега или никогаш, да се биде или не… Јас мислам дека сам на себе сум си најголем критичар, свесен сум за тежината што ја носи МЗТ Скопје, мислам дека денеска се виде одреден напредок во нашата игра. Минатиот викенд паднавме на тој испит под тој голем притисок и стрес, денеска како „отпишани“ одигравме подобро и стигнавме до победата. Навивачите не се наш шести играч, туку наш најдобар играч, се гледа како се мачиме на гостувањата без нашиот најдобар играч“, изјави Николиќ.

Се вчитува...