Николиќ: Очекувам полни трибини и голема енергија на теренот против ФМП

МЗТ Скопје го врати трофејот од Купот на Македонија во своите витрини, а сега продолжува со следната мисија – опстанок во АБА лигата. За истата да биде остварена потребна е победа против фаворизираниот ФМП во натпреварот кој ќе биде одигран утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.

Тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ очекува тежок натпревар, но и полни трибини кои ќе бидат ветер в грб за „сино-белите“ против тимот кој претендира за влез во плеј-офот на регионалната сцена.

„Имавме доволно време за одмор поради што и очекувам со поголема енергија да влеземе во дуелот против ФМП. Играме против квалитетен тим, кој игра одлично и кој со една нога е веќе во плејофот на АБА. Морам да ја пофалам работата на мојот колега, Ненад Стефановиќ кој ја искористи шансата и направи неговиот тим да биде едно од најпријатните изненадувања во регионот изминативе две сезони. Очекувам квалитетен дуел, пред полни трибини, а сигурен сум дека моите кошаркари ја сфаќаат важноста на оваа пресметка за нас поради што ќе дадат се од себе за да дојдеме до посакуваната победа“, изјави тренерот на „металците“.

Се вчитува...