Николиќ: Ова е само еден мал чекор, дефинитивно сега се е отворено…

Драган Николиќ се израдува на втората победа како тренер на МЗТ Скопје во АБА-лигата откако „металците“ во одличен меч успеаја да го совладаат ФМП, за нов чекор напред во маратонската трка за опстанок во елитното друштво.

„Металците“ се вратија по катастрофалниот старт од 2-14, собраа сили за камбек уште во првото полувреме, за во вториот дел целосно да го скршат отпорот на гостинскиот состав.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар, немаше да биде незаслужено и ако ФМП добиеше, но ние бевме присебни кога беше најважно и стигнавме до победата. Се уште мислам дека и порано требаше да стигнеме до четири победи во АБА, но време е да престанеме да жалиме за тоа и да се насочиме кон наредните предизвици. Ова е само еден мал чекор, има уште многу натпревари до крајот на сезоната, сега дефинитивно се е отворено и пред е интересно продолжение на сезоната. Неверојатно е, некој кој е последен на табелата, да има ваква поддршка и енергија во салата од публиката. Секогаш е лесно да се дава поддршка само кога се победува, но ние овде чувствуваме позитивна енергија, имаме морална обврска да дадеме се од себе и да им возвратиме на вистински начин“, изјави тренерот на МЗТ на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...