Николиќ: Покажавме неспособност, не успеавме да победиме поради почетнички грешки

МЗТ Скопје претрпе пораз на домашен терен во најлош момент, губејќи од Игокеа во СЦ „Јане Сандански“ и сериозно намалувајќи си ги шансите во борбата за опстанок.

Драган Николиќ вината за овој резултат ја насочи кон кошаркарите и грешките направени во клучните моменти од натпреварот.

„Честитки за Игокеа, гостите ја посакуваа победата и најдоа начин да стигнат до неа. Ние пак, го дозволивме тоа со неверојатни грешки што ги правевме кога беше најважно. Покажавме неспособност, не успеавме да добиеме меч кој сакавме да го добиеме и не успеавме поради некои основни грешки и едноставно тоа е тоа. Знаеме во каква сме ситуација. Повторувам – од ден во ден дека ќе се бориме до крај, но ситуацијата е таква каква што е моментално“, изјави тренерот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...