Николиќ пред Игокеа: Пред нас се 200 минути до крајот на сезоната, планираме квалитетно да ги искористиме

МЗТ Скопје го очекува жестока битка за опстанок до крајот на сезонава, поради што аеродромци ќе мора да слават пред се на домашните натпревари, почнувајќи од утрешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ против Игокеа.

За тренерот Драган Николиќ овој меч ќе има посебно значење бидејќи и самиот своевремено го водеше тимот на Игокеа, а тренерот на МЗТ се надева дека аеродромци со помош од трибините ќе успеат да стигнат до посакуваниот резултат.

„Се радувам на средбата против мојот поранешен клуб, за кој ме врзуваат убави спомени. Предводен е од млад и перспективен тренер и е на чекор да обезбеди продолжување на низата настапи со најдобрите во регионот. Пред МЗТ Скопје се уште 200 минути до крајот на сезоната и планираме секоја од нив да ја искористиме максимално квалитетно и добро на патот кон остварувањето на нашата единствена цел – опстанокот во јадранската елита. Очекувам квалитетен меч пред полни трибини, каде во голем број ќе се најде нашиот шест играчи, верните навивачи чија помош и бројност и тоа како ќе ни биде потребна“, истакна Николиќ.

Се вчитува...