На МЗТ Скопје му претстои „невозможна мисија“ за опстанок во АБА лигата. По поразот на гостувањето против Борац македонскиот претставник во регионалната кошарка мора да слави на престанатите три натпревари, а притоа и да се надева на пораз на тимот од Чачак.
Првиот предизвик за „штрковите“ е утре од 20 часот против Задар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, натпревар за кој тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ вели дека неговите избрници ги чека тежок предизвик против тим кој во сезоната славеше против Црвена Звезда.
„Играме против најпријатното изедначување сезонава во АБА кое успеа да ја совлада сината Црвена Ѕвезда во Белград, што ретко на кого му успеало изминати години. Задар е феноменален тим во транзиција и одлично го напаѓа нискиот пост, а згора на тоа е предводен од одличниот тренер и мој голем пријател, Данијел Јусуп. На нашите кошаркари е да ги извршат обврските зададени на тренинзите неделава, а ако го сторат тоа тоагаш може да се надеваме на победа во овој исклучен важен напревар“, вели српскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА