Николоски сменет, Борец тргна со подготовки со Левков на кормилото

Благоја Левков е назначен за в.д. тренер на Борец, кој од вчера ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Екипата ја прозиваше некогашниот фудбалер на Борец, Напредок, Тетекс и Победа, што значи дека Јане Николоски е веќе поранешен за тимот од Велес.

Амбициите се опстанок во прволигашката конкуренција. Подготовките ќе се одвиваат во Велес, а потоа на 15. јануари заминуваат во Анталија.

Играчкиот кадар исто така ќе доживее промени. Нов голман е Марко Алчевски од Академија Пандев. Неколкумина играчи се на излезна врата, или веќе го напуштија тимот, а екипата ќе добие и нови засилувања.

Борец првиот дел од сезоната го заврши на 11-тото место на табелата со 12 бодови, или три помалку од Тиквеш кој во моментов се наоѓа на местото на баражот.

Се вчитува...