Николов го однесе Мол Види во третото коло од Лига Европа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е најзаслужниот за пласманот на Мол Види во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.

Николов беше стрелец на единствениот погодок за Унгарците во 61. минута од средбата на гостувањето против Хибернианс на Малта во триумфот од 0-1.

Во 3. коло, Мол Види ќе игра со подобриот од пресметката меѓу швајцарски Сервет и француски Реимс.

Се вчитува...