Македонскиот репрезентативец Бобан Николов со својот Мол Види ќе игра во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Унгарците потешко од очекувањата, дури по изведувањето на пеналите, успеаја да го елиминираат ирски Бохемијанс откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 1-1. Бохемианс поведе со голот на Вард во 22. минута, а Николиќ израмни од пенал во 37. минута.
Бобан Николов во игра во редовите на Мол Види влезе во 101. минута од средбата. Македонскиот репрезентативец беше стрелец и на вториот гол за унгарскиот тим во „пенал-рулетот“ кој Мол Види на крајот го доби со 4-2. Висар Муслиу не беше во составот на Мол Види.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА