Николов и Муслиу го елиминираа француски Реимс за плеј-оф рунда во Лига Европа

Македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу обезбедија место со Мол Фехервар во плеј-оф рундата од Лигата на Европа откако во 3. квалификациско коло го елиминираа француски Реимс.

Во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши без голови, а потоа по пенал серијата Унгарците славеа со 4-3.

Николов и Муслиу го одиграа целиот натпревар за унгарскиот тим, но не добија можност да бидат дел од изведувачите на ударите од белата точка.

Се вчитува...