Николов: Ме радува што сега фудбалска Македонија размислува победнички

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија претпладнево го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Мардан арена” каде утре, со почеток во 18 часот по македонско време ќе се одигра вториот пријателски натпревар од оваа мини турнеја во Турција, против селекцијата на Азербејџан.

Атмосферата во националниот тим е одлична и сите очекуваат да продолжи серијата без пораз, но и да се забележи победа по ремито со Финска. Играчот на Видеотон, Бобан Николов, истакнува дека сега очекувањата од оваа наша селекција се поголеми и тоа е за поздравување.

„Посебно ми е драго што сега цела Македонија размислува победнички кога е фудбалот во прашање. Оваа наша селекција покажа дека има завиден квалитет и мислам дека допрва во Лигата на нации ќе ги оствариме најдобрите резултати. Дај боже да стигнеме и до пласман на Европско првенство. Против Финска одигравме квалитетно, но не успеавме да ги пробиеме со оглед дека играа сепак многу позатворен фудбал. Мислам дека утре против Азербејџан ќе биде многу поинаку, ќе наметнеме наше темпо и верувам во победа. Сега сите очекуваат од нас многу повеќе и среќни сме поради тоа. Сега апетитите ни се поголеми” – ни изјави Бобан Николов.

Се вчитува...