Николов: Ние сме едно големо семејство, Македонија ќе оди на ЕП!

Фудбалерот од средниот ред на Мол Види, Бобан Николов го потенцираше задоволството од завршувањето на групната фаза од Лигата на нациите со освоено прво место и пласман во плеј-оф разигрувањето за пласман на ЕП.

По трумфот од 4-0 над Гибралтар, Николов нагласи дека сето тоа е резултат на напорна работа но и прекрасна атмосфера која владее во репрезентацијата во која се живее како едно големо семејство. Токму затоа Николов е убеден дека Македонија, на крај, ќе оди на ЕП!

„Македонија заслужи да се радува. Ние сме како едно големо семејство, напорно работевме и верувавме во нашите квалитети. Сега сме во полуфиналето, на два чекори до големата цел и ќе дадеме се од себе да ја исполниме. Македонија ќе оди на ЕП“ – ни изјави по денешниот меч Николов.

Се вчитува...