Николов: Пандев е мојот „фудбалски татко“… Заслужува да добие голема статуа

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов кој зимава од МОЛ Фехервар премина во Лече во интервју за италијанските медиуми говореше за Горан Пандев и влијанието кое го има за македонскиот фудбал и младите луѓе кои сакаат да тргнат по неговите чекори.

„Неверојатно се грижи за своето тело. Јаде киви и пие многу вода, искрено јас немам видено такво нешто. Кога имав 20 години во националниот тим, тој ме зема под свое. Заслужува огромна статуа во Македонија. Не знам дали ќе има друг фудбалер кој ќе освои се што освои тој. Постајано ми говореше изминатите години дека би го заменил секој успех само да успее да се израдува со репрезентацијата на Македонија. Успеавме во тоа“, изјави Николов. 

Се вчитува...