Николов порачува: Ова е момент на вистината…, за една генерација, еден сон, за историја!

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Бобан Николов игра во извонредна форма сезонава во дресот на унгарски Мол Фехервар, сето тоа изминативе три месеци трансформирајќи го и во беспрекорни изданија во дресот на македонската репрезентација.

Не е потребно да се нагласува мотивацијата која ја носи и за дуелот со Грузија кој за Македонија значи пласман на Европско првенство.

„Ова е момент за вистината за една генерација која треба да го докаже сиот свој квалитет и вредност. Ова е момент еден сон да стане реалност, а сите ние да запишеме историја за Македонија. Пресилно ја посакуваме победата која ќе донесе радост за секој поединец во Македонија и затоа сме подготвени да го дадеме максимумот“ – вели Николов.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од финалето во Лигата на нации на „Динамо арена“ во Тбилиси се игра од 18 часот.

Се вчитува...