Нирбургринг се враќа во Формула 1 со 20.000 навивачи на трибините

По седум години во Формула 1 шампионатот ќе се одржи трка на легендарната патека Нирбургринг. Организаторите најавија дека ќе биде дозволено присуство на 20.000 фанови. Гран-при викендот во Германија е закажан за периодот од 9. до 11. октомври.

На почетокот на сезоната во Ф1 беше забрането присуство на публика поради пандемијата од коронавирусот. Сепак, на последните трки беше дозволено минимално присуство на гледачите, а се почна со трката на патеката во Монца кога присуствуаа стотина здравствени работници. Во Муџело имаше околу 2.000 навивачи, а веќе следниот викенд на Големата награда на Русија во Сочи се очекува исто поголем број на навивачи.

„Ајфел гран при“ на Нирбургринг ќе биде 11. трка во годинашниот шампионат, патека која по седум години се враќа во Ф1 циркузот, а првпат се возеше уште далечната 1984 година.

Се вчитува...