Ништо не е исто по долгата пауза – Роналдо промаши пенал, Ребиќ со крвнички старт до црвен картон (ВИДЕО)

Очигледно дека долгата пауза од фудбалот влијаеше и на асот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Тој во првиот меч по враќањето на фудбалот промаши пенал во 16. минута од мечот против Милан во Копа Италија.

По лошо првиот натпревар по враќањето на фудбалот во Италија ќе го помни и Анте Ребиќ кој само една минута подоцна поради крвнички старт над Данило доби директен црвен картон. За потсетување првиот меч во полуфиналето заврши нерешено 1-1.

 

 

 

Се вчитува...