Ништо ново од Нејмар: Здрав за роденден, повреден за фудбал

Серијата од седум средби на Нејмар со најмалку еден постигнат погодок во француското првенство беше прекината на дуелот со Монпелје, по што Бразилецот се врати на старите навики, некои други работи да му бидат приоритет во однос на настапите за гигантот од Париз.

„Светците“ вечерва му гостуваат на Нант, но тренерот Тухел веќе објави дека Нејмар нема да настапи на оваа средба. Официјалната причина е ситна повреда, наводно болка во пределот на ребрата по еден удар здобиен на дуелот со Монпелје. Неофицијално, причина е мамурлакот на Бразилецот по лудата забава по повод неговиот 28. роденден. Нејмар со уште неколку фудбалери на ПСЖ останал да слави до раните утрински часови, а Тухел, кој претходно го градеше авторитетот преку конфликти со Мбапе, овојпат решил да се повлече и воопшто да не го повика Бразилецот за мечот со Нант.

„Здрав за роденден, повреден за фудбал“, е само еден од бројните наслови на француските медиуми со кои се критикува бразилскиот фудбалер, но и самиот клуб кој толерира вакво однесување.

Така ли се подготвува за натпревар? Ова е само уште еден доказ дека ПСЖ како клуб нема авторитет врз своите фудбалери“, тврди весникот „Паризиен“.

Се вчитува...