Ништо од Дембеле, следна цел на Челси е Стерлинг

Иако Челси беше барем за момент близу до договор за трансфер на Усман Дембеле, сепак, работите брзо се променија и последните шпекулации велат дека менаџерот Томас Тухел има друга желба.

Германецот го посакува Рахим Стерлинг од Манчестер сити и е подготвен да плати 35 милиони фунти обештетување.

Англичанецот има договор со шампионот до јуни 2023 година и сака нов предизвик во кариерата. Кај Пеп Гвардиола има многу мала минутажа и се надева дека во друг клуб ќе може да игра повеќе.

Стерлинг сака да биде редовен стартер, најмногу за да биде во форма пред Светското првенствов во Катар, што почнува во ноември годинава.

Се вчитува...