Фудбалерите на Брајтон и Хов Албион не успеаја да ги задржат шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако денеска загуби на домашен терен од Лидс јунајтед со 0-1 во натпревар од 37. коло од Премиерлигата. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Калверт Луин во 96. минута.
Брајтон останува во пол-позиција за пласман во Европа следната сезона, но последното коло ќе ни донесе борба меѓу шест тима за последните две места кои од Премиерлигата водат во натпреварувањата на стариот континент следната сезона.
Leeds [1] – 0 Brighton – Dominic Calvert-Lewin 90+6'
byu/eliseihado insoccer
Во останатите мечеви од програмата од 16 часот во Премиерлигата: Брентфорд – Кристал Палас 2-2, Евертон – Сандерленд 1-3 и Вулверхемптон – Фулам 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
