Ништо од Вардар: Карачиќ потпиша нов договор со Киелце (ФОТО)

Игор Карачиќ ќе остане во Киелце и во следните три години откако денеска го официјализираше продолжувањето на соработката со полскиот тим. Со тоа дефинитивно се отфрла можноста за камбек во редовите на Вардар и покрај гласините за истото.

Карачиќ е дел од Киелце од 2019 година каде премина токму од двократниот европски шампион Вардар. Како потсетување хрватскиот репрезентативец помина седум години во „црвено-црниот“ дрес и беше дел од најголемите успеси во клупската историја.

„Можам само да кажам дека сум среќен што успеавме да се договориме со клубот и што ќе можам да ја продолжам мојата кариера во Келце. Со сопругата се чувствуваме одлично овде и имаме сè што ни треба. Клубот е на највисоко можно ниво и нашите амбиции растат со секој нов ден. Во овој проект веќе е многу вложено и се надевам дека ние, играчите предводени од нашиот тренер ќе успееме да ги реализираме сите планови. Верувам дека нема да останеме без успеси и ќе ги израуваме и нашите навивачи“, изјави Хрватот.

Се вчитува...