Ништо од Вардар, Зарабец потпиша нов договор со Кил

Миха Зарабец ги отстрани сите дилеми околу својата иднина откако словенечкиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со екипата на Кил. За услугите на Словенецот минатото лето се интересираше Вардар, но „црвено-црните“ тогаш не успеаја да се договорат со Кил, бидејќи Зарабец имаше уште една година од договорот со германскиот гигант.

Постоеше шанса овој одличен ракометар по истекот на договорот со „зебрите“ да пристигне во Вардар, но Зарабец на крајот реши да ја прифати понудата за нова двогодишна соработка со Кил, клубот со кој во декември стигна и до европската круна.

„Секој ракометар знае што значи Кил. Ова е мојот клуб од соништата, самото носење на дресот на Кил прави да бидете горд. Среќен сум што потпишав нов договор, со нетрпение го очекувам денот кога повторно ќе играме пред нашите верни навивачи“, изјави Зарабец.

Се вчитува...