Ниту Челси ниту Интер засега не попуштаат во преговорите за Лукаку

Интер достави нова понуда до Челси за позајмица на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Понудата е 7 милиони евра и бонуси, додека Интер бара 10 милиони плус бонуси.

Ниту Челси, ниту Интер засега не попуштаат, па во преговорите ќе се вклучи и новиот сопственик на Челси, Тод Боли. Се тврди дека сите страни ќе се договорат, и Белгиецот ќе се врати на „Џузепе Меаца“.

Претходно беше објавено дека претседателот на Интер, Стивен Жанг не се согласил на барањата на Челси.

Се вчитува...