Ниту Македонија, ниту Црна Гора… Гроф Божовиќ заврши во Азербејџан

Српскиот стратег Миодраг Гроф Божовиќ е нов шеф на стручниот штаб на азербејџанскиот Нефчи Баку.

Иако популарниот Гроф своевремено се поврзуваше и со селекторската функција во репрезентацијата на Македонија, но и на Црна Гора, сепак на крајот заврши во Азербејџан. Божовиќ на клупата на тимот од Баку го замени легендарниот Романец, Адријан Муту.

„Денеска спогодбено беше раскинат договорот помеѓу Нефчи и Адријан Муту. Клубот му се заблагодарува на Адријан Муту за неговата соработка и напор и му посакува успех во неговите идни активности. Воедно, клубот изразува најдлабоко сочувство до Адријан Муту за смртта на неговата мајка“, објави Нефчи.

Се вчитува...