Нојер е минато за Баерн? Грузискиот голман доаѓа во Минхен

Баерн Минхен има намера уште од сега да ја најде замената за Мануел Нојер. Долгогодишниот голман кој ланската полусезона ја пропушти поради тешка повреда заработена на скијање, има неизвесна иднина во таборот на „Баварците“.

Германските медиуми пишуваат дека германскиот првак е сериозно заинтересиран на „Алијанц Арена“ да го донесе Георги Мамардашвили. Грузискиот голман е еден од најдобрите млади голмани во моментов во Европа, и за него има интерес и од други екипи од Италија и од Англија.

Голманот одигра 38 меча, и беше најзаслужен што Валенсија успеа да го избори опстанокот во Ла Лига. И самиот голман бил заинтересиран да се пресели во Минхен и да биде дел од Баерн.

Тоа ќе значи дека Нојер можеби во иднина ќе биде само резервна варијанта, додека Зомер најверојатно ќе го напушти Минхен.

Се вчитува...