Нојер го престигна рекордот на легендарниот Кан

Германскиот голман Мануел Нојер со вчерашниот натпревар го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан. Баерн ја совлада Борусија Менхенгладбах со 6-0, само потврдувајќи ја титулата освоена уште пред почетокот на мечот, со оглед на поразот што Лајпциг го доживеа во Дортмунд.

Капитенот Нојер достигна нов голем рекорд, имајќи предвид дека ова беше неговиот 204 натпревар во кој ја зачува својата мрежа без да дозволи да прими гол. Му беа потребни 444 натпревари за да го стори тоа, додека на Кан му беа потребни 557 натпревари за истиот подвиг.

Нојер е класа, сега е само прашање кога ќе стигне до рекордниот 205 натпревар без примен гол, што дефинитивно ќе го собори поранешниот капитен и голман на Баерн.

Мануел досега има освоено девет титули со Баерн во Германија, две Лиги на шампиони, а двапати ја крена и титулата на Светското клупско првенство. Тој во својата кариера има пет германски Суперкупа и петпати го има освоено германскиот куп и двапати европскиот суперкуп.

Се вчитува...