Ноjер се враќа на крајот на октомври

Првиот меч после репрезентативната пауза за Баерн Минхен, би можел да биде официјалниот „кам-бек“ на Мануел Ноjер меѓу диреците.

Искусниот голман на крајот на минатата година тешко се повреди на скијање, при што паузираше девет месеци. Веќе неколку дена тренира со екипата, и враќањето меѓу диреците е само прашање на време.

Германските медиуми пренесуваат дека Ноjер би можел да се најде на клупата за резерви на 21. октомври на дуелот со Мајнц, а потоа да чека шанса на некој од следните натпревари да биде и на голот на „Баварците“.

Се вчитува...