Ноќ во знакот на Дончиќ, Ирвинг и Букер во НБА-лигата

Портланд како гостин славеше против Детроит со 101-124 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. Лилард мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 33 поени и десет асистенции.

Извонредна ноќ имаше Букер кој постигна 45 поени во победата на Феникс над Чикаго од 121-116. Милвоки на гостински терен славеше против ЛА Лејкерс со 97-112 на крилјата на Холидеј кој мечот го заврши со 28 поени, осум скока и шест асистенции, додека Сан Антонио беше подобар од Сакраменто победувајќи со 120-106, со 26 поени на Де Розан.

Оклахома со 113-103 беше подобра од Торонто на кого не му помогнаа ниту 31 поен на Трент.

Триумфот на Бруклин над Хјустон од 120-108, пак, беше одбележан од „дабл-дабл“ ефектот од 31 поен и 12 скока на Ирвинг. Додека Лука Дончиќ со 36 поени го предводеше Далас до победа против Бостон од 108-113.

Во натпреварот со најмалку поени, Мајами на гостински терен ја победи Индијана со 87-92. Во победничкиот тим најефикасен беше Робинсон со 20 поени и осум скока.

Се вчитува...