Ноќна трка во Скопје за одбележување на „13 Ноември“

По повод празникот „13 Ноември“, денот на ослободување на Град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов ќе организира атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11. ноември 2018 година (недела), со старт и цел на плоштадот Македонија во близина на Триумфална капија.

Патеката е кружна во должина од 1.200 метри и поминува преку плоштадот Македонија, сутерен на Гратскиот трговски центар, покрај Градска Болница и Собрание на Р. Македонија, преку „Рекорд“ и повторно до плоштад Македонија. Се очекува учество на десеттина средни училишта од скопскиот регион кои ќе се натпреваруваат во машка и женска категорија на патеката во должина од 1.200м или 1 круг, додека во главната трка на 6 километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција кои патеката од 1.200м ќе ја свртат пет пати.

Стартот на програмата е закажан за 15 часот, додека училишните трки започнуваат во 15:10 за момчиња и 15:20 за девојчиња. Главната трка на 6 километри ќе стартува во 15:30 часот. Предвидени се парични награди за најуспешните шест во главната трка, додека во училишните трки за најбрзите пет се предвидени стокови награди.

Се вчитува...