Ноќната мора на Буфон…Од десет шута, Роналдо му даде – девет гола!

Фудбалската статистика некогаш говори и повеќе од самата игра на теренот. Кристијано Роналдо блескаше вечерва против Јувентус, а легендарниот голман на италијанскиот тим, Џанлуиџи Буфон, и пред дуелот најавуваше дека Португалецот е „смртен непријател“ за голманите, а и самиот доживеа уште една непријатност на самиот меч. Но, статистиката е уште побрутална. Таа вели дека Роналдо на Буфон од последните десет шута – му дал девет гола!

Се разбира, од ударите кои се упатени во рамките на голот, и се директна закана за противничката мрежа.

Се вчитува...