Ноќта кога „Камп ноу“ се тресеше, а ПСЖ „плачеше“ (видео)

Во таборот на ПСЖ се уште не можат да се помират со шокантната елиминација од Манчестер Јунајтед, а Барселона денеска објави видео со кое ги потсети „светците“ дека тоа не е нивното најлузерско издание во Лигата на шампионите.

Имено, пред точно две години Барса го направи најголемиот пресврт во историјата на ЛШ, на 8 март 2017 година го пречека ПСЖ по негативата од 4-0 од „Паркот на принцовите“, па со сензационален камбек стигна до победа од 6-1 и се пласираше во четвртфиналето. Резултатот до 88. минута гласеше 3-1, а потоа Нејмар два пати беше прецизен, пред Серхио Роберто во 95. минута да ги постави конечните 6-1, за тотална еуфорија меѓу каталонците.

ПСЖ и тогаш како и сега плачеше поради судиските грешки, наредното лето го купи Нејмар од Барселона, но и тоа не помогна за остварување на големиот сон – освојување на трофејот во Лигата на шампионите.

Се вчитува...