Нора Морк по аферата со голите фотографии, се враќа во норвешката репрезентација

Најдобрата ракометарка на Норвешка, Нора Морк, се согласи да се врати во репрезентацијата и покрај срамниот скандал со ширењето на нејзините интимни фотографии меѓу норвешките репезентативци за време на ЕП во Хрватска.

На 26-годишната ракометарка на Ѓер која беше најдобар стрелец на минатогодишното Светско првенство, и бил украден телефонот, а потоа во јавноста се појавија нејзини разголени фотографии.

Скандалот доби поголеми размери откако се дозна дека интимните фотографии на Нора Морк „циркулирале“ и во соблекувалната меѓу репрезентативците на Норвешка  за време на ЕП во Хрватска. Иако ракометарите подоцна го негираа тоа.

 Морк навредена од ваквата постапка изјави дека повеќе нема да настапува за норевешката репрезентација. Но, нејзиниот гнев се смири по разговорите со раководството во Норвешката ракометна федерација, после што Морк реши да се врати во националниот состав.

„Се согласивме да воспоставиме нови мерки за справување со оваа ситуација. Нора мисли дека тие мерки се доволни и се согласи да продолжи да игра во националниот тим и ние сме апсолутно воодушевени од ваквата одлука“ – изјави претседателот на Норвешката ракометна федерација, Каре Геир Лио.

Минатиот месец, Морк ги повреди лигаментите на коленото и во наредните пет месеци ќе биде надвор од ракометните терени.

Се вчитува...