Норвешка ја „преслуша“ Јужна Кореја и се прати заедно со Бразил во Токио

Норвешка ја оправда фаворитската улога во групата 1 од квалификациите за ЛОИ во Токио, успевајќи и третиот натпревар против Јужна Кореја да го добие лесно (44-31). Норвежаните претходните два дена остварија лесни победи и против Бразил и Чиле, а денеска против азиската репрезентација само го потврдија настапот на игрите во Токио.

На победата на Норвешка се радуваше и Бразил кој исто така ќе замина за Токио, а досега својот пласман од квалификациите го потврдија и Шведска и Германија. Последниот дуел меѓу Франција и Португалија ќе одлучи кои ќе бидат последните два патника на ЛОИ.

Се вчитува...