Норвешка ја уништи Германија, Русија се извлече со Чешка

Норвешка продолжува со одличните партии на стартот на женското ракометна Европско првенство во Данска. По убедливата победа над Полска, следна на менито на Норвежанките беше Германија која ја декласираа со убедливи 23-42.

Победникот беше решен уште во првиот дел кој Норвешка го доби со осум гола разлика 14-22, додека во вториот се беше само рутина. Нора Мерк со 12 гола беше најдобар поединец кај победникот, додека во таборот на Германија Смит и Болк погодија по четири пати.

Во вториот меч од програмата во 18:15 часот Русија успеа да ја совлада Чешка со 22-24.

 

Се вчитува...