Норвежанец ќе биде наследникот на Серхио Рамос во Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во интензивна потрага по нов квалитетен дефанзивец кој би можел во иднина да го наследи капитенот Серхио Рамос. Разделбата може да се случи во јуни 2021 година, можеби Рамос ќе остане и уште една дополнителна година, но јасно е дека полека влегува во зрели фудбалски години и ќе мора да го препушти местото на „Сантијаго Бернабеу“ на помладите.

Реал Мадрид размислува за Дајот Упамекано, дефанзивецот на Лајпциг, но пик број еден е норвешкиот стопер Кристофер Ајер кој го носи дресот на шкотскиот Селтик.

Ајер има 22 години и со одличните игри го провлече вниманието на гигантите. Покрај Реал Мадрид, за него се интересираат и Манчестер Сити, Лестер, ПСЖ и Милан. Норвежанецот е поливалентен, може да игра и како последен играч за врска и потсетува на Серхио Рамос. Одлично се снаоѓа и на десната бековска позиција. По неколку сезони на позајмици, се очекува и Мартин Одегард да се врати конечно во полн сјај на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Се вчитува...