Норвежаните дочекани како херои во својата татковина

Норвешката репрезентација вчера се врати дома по историскиот настап на Светското првенство, каде што стигна до четвртфиналето и ги освои срцата на фудбалските фанови ширум светот.

По пристигнувањето во Осло, членовите на тимот се упатија кон Кралската палата, каде што беа пречекани од кралот Харалд V заедно со членови на кралското семејство. На овој начин, Норвежаните беа признати за најголемиот успех на репрезентацијата во модерната историја.

Во исто време, илјадници навивачи се собраа пред палатата, чекајќи ги своите херои со норвешки знамиња и песни. Атмосферата во главниот град е спектакуларна, а навивачите уште еднаш покажуваат колку ја ценат генерацијата предводена од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард.

Иако Норвешка беше запрена во четвртфиналето со поразот од Англија по продолженијата, репрезентацијата се враќа дома со кренати глави.

Историскиот пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот предизвика голема национална прослава, а добредојдето во Осло потврдува дека Халанд и неговите соиграчи станаа национални херои.

И играчите и навивачите на оваа скандинавска земја се истакнаа на Светското првенство. Тие покажаа класа на теренот и речиси стигнаа до полуфиналето, а навивачите ги освоија симпатиите низ целиот свет со своето популарно „веслање“.

 

Се вчитува...