Нотингем Форест после 23 години се врати во Премиерлигата

Нотингем Форест после повеќе од две децении, или поточно 23 години се враќа во англиската Премиерлига. Нотингем денеска во баражот го совлада Хадерсфилд со 0-1 благодарение на автоголот на Колвил. 

На Вембли се одигра вистински спектакл пред повеќе од 80 илјади гледачи во кој Нотингем имаше повеќе среќа и ќе игра во најсилното првенство во Англија.

Последен пат Нотингем беше дел од Премиерлигата во 1999 година. Од Чемпионшип во Премиерлигата од идната сезона ќе играат уште и Фулам и Борнмут.

Победникот покрај пласманот во „елитата“ добива околу 100 милиони фунти.

Се вчитува...