Нов блесок на Дончиќ, Далас славеше над Портланд (ВИДЕО)

Со 41 постигнат поен, Лука Дончиќ одигра уште една одлична партија за Далас во победата над Портланд 126-97. Беше тоа седми натпревар сезонава со над 40 поени за Словенецот, и по тоа е рекордер. Покрај 41 поен, имаше шест скока и пет асистенции.

Кошаркарот на Далас одигра „само“ 30 минути, но и тоа му беше доволно да пружи уште една блескава партија. Особено беше одличен по првиот дел, во кој уфрли 30 поени. Го следеше и Кајл Ирвинг. Двајцата заедно во првиот дел постигнаа 52 поени, или пет повеќе од целата екипа на Портланд.

Кошаркарите на ЛА Лејекрс поразени се од Мајами на домашен терен со 96-110. И покрај тоа што Дејвис постигна 29 поени за Лејкерс, сепак, тимската игра на „сонцата“ го донесе триумфот.

На два меча од синоќешната програма во НБА имаше продолженија. Јута после дополнителните минути во ефикасен меч го совлада Детроит со 154-148. Продолженија имаше и на дуелот Сакраменто – Орландо, кој го добија „Кингси“ со 138-135.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Вашингтон 140-101
Индијана – Милвоки 142-130
Атланта – Оклахома 141-138
Хјустон – Бруклин 112-101
Мемфис – Торонто 111-116
Минесота – Њу Орлеанс 106-117
Далас – Портланд 126-97
Њујорк – Чикаго 116-100
Феникс – ЛА Клиперс – 122-131
Јута – Детроит 154-148 (по продолженија)
ЛА Лејкерс – Мајами 96-110
Сакраменто – Орландо 138-135 (по продолженија)

 

Се вчитува...